Клуб за подводни дејности Охрид

Клубот за подводни дејности Охрид од Охрид е формиран на 18 јануари 1985 година. Во своето скоро 35 годишно постоење е најстар активен нуркачки клуб во Македонија и со својот специфичен начин на дејствување претставува спој на другарство ентузијазам и љубов кон езерото и градот Охрид.

Целта на Клубот за Подводни Дејности Охрид е подигнување на свеста на граганите за зачувување на Охридското Езеро кое претставува светско клултурно наслетство

ВИДЕО

Клубот за подводни дејности „Охрид“ од Охрид, традиционално секоја година реализира акција за чистење на дното на Охридското Езеро oд цврст отпад. Со видео од минатогодишната акција, кое е посветено на починатиот градоначалник Јован Стојаноски, членовите на клубот ја најавуваат новата еко акција, која треба да се реализира оваа пролет. Музиката за видео спотот е во функција на подигнување на јавната свест за заштита на Охридското Езеро, е на познатиот гитарист Дамјан Пејчиноски.