На иницијатива на Спортско риболовното друштво „Св. Апостол Петар“, денеска беше реализирана еколошка акција за чистење на дното на каналот Студенчишта од цврст отпад. На акцијата се приклучија нуркачите од Клубот за подводни активности „Охрид“ од Охрид.

Од дното на каналот извадена е поголема количина најразличен цврст отпад, кој соодветно е одложен.