Нуркачи од клубот за подводни дејности „Охрид“ и нуркачкиот центар „Амфора“, како и пријатели на езерото и поддржувачи на здрава и чиста околина, денеска на пладне ќе спроведат акција за чистење на езерското дно од цврст отпад.

Акцијата ќе се реализира на потегот од старото пристаниште до каналот Студенчишта.

Проектот е поддржан од локалната самоуправа.