Клубот е познат на охридската јавност како клуб кој организирал голем број на еколошки акции за чистење на дното на езерото од цврст отпад.

Клубот за подводни дејности Охрид од Охрид е формиран на 18 јануари 1985 година. Во своето скоро 35 годишно постоење е најстар активен нуркачки клуб во Македонија и со својот специфичен начин на дејствување претставува спој на другарство ентузијазам и љубов кон езерото и градот Охрид.

Клубот е познат на охридската јавност како клуб кој организирал голем број на еколошки акции за чистење на дното на езерото од цврст отпад.

Скоро секоја година на крајот или на почетокот на туристичката сезона клубот организира еколошки акции за подводно чистење на дното на Охридското Езеро од цврст одпад на различни локации скоро на целокупното крајбрежје на Охридското Езеро.

Целокупната активност на Клубот за Подводни Дејности Охрид е подигнување на свеста на граганите за зачувување на Охридското Езеро кое претставува светско клултурно наслетство а наша обврска како нуркачи е да алармираме изработуваме еколошки проекти и да го извадиме тоа што не припага во чистата езерска вода која претставува наш дом.

Клубот за Подводни Дејности Охрид од Охрид е вклучен во проектите за организирање на служба за безбедност на вода при црвен крст Охрид.

Клубот за Подводни Дејности Охрид беше вклучен во подводните археолошки истражувања на локалитетот заливот на коските кај градиште – Охрид.

Клубот за Подводни Дејности Охрид брои околу 40 членови кои поседуваат сопствени комплети за scuba нуркања односно комплет опрема боци, регулатори, оддела, компензатори на пловност маски и пераи.

Клубот поседува два компресора за полнење на нуркачки боци со компримиран воздух.